Примероци од календарот ќе добие и секој поединец или делагација која ќе го посети седиштето на ФУЕН, но ќе биде дониран и на средбите кои раководството ќе ги има низ земјите на Европа.

„Ова е прв пат во годишен календар да има се презентира македонска особеност, каракетристика или јадење на Македонците од Република Албанија, што искрено е голем успех на нашето друштво и голема промоција за Македонците од Република Албанија низ цела Европа. Во Унијата членуваат 110 организации на малцинствата од 36 европски земји“, посочи Ѓурѓај.

Според него, грашалник (пита со грав) е специјалитет кој со векови го подготвуваат македонските жени во областа Голо Брдо.

Друштвото Илинден се претстави со свој штанд на кој имаше пропаганден материјал со македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик Илинден.

Посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Македонското друштвото “Илинден”-Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.