Трамп: Премногу луѓе умираат, војната во Украина мора да престане

Американскиот претседател Доналд Трамп со објава за војната во Украина на својата социјална мрежа Truth Social. Руската војна против Украина, која убива луѓе, мора да престане. Премногу луѓе умираат, илјадници неделно, во страшна и бесмислена војна која никогаш не требаше да се случи, напиша Трамп и уште еднаш додаде дека таа војна немаше да се случи доколку тој беше американски претседател во тоа време, а не Џо Бајден.