Триесет години од уривањето на споменикот на диктаторот Хоџа во Тирана

Денеска се навршуваат 30 години од уривањето на споменикот на Енвер Хоџа во центарот на Тирана, симбол на комунистичката диктатура, со што се отвори патот за политички плурализам. Уривањето на статуата на Хоџа беше поттикнато од штрајкот со глад на повеќе стотици студенти, а на настанот присуствуваа илјадници граѓани. Моментот кога споменикот на Енвер Хоџа беше насилно урнат, тој студен февруарски ден, но и влечена низ градот е познат како симболичен чин на соборување од диктатурата.

Снимките од овој настан на плоштадот „Скендербег” го обиколија светот, ставајќи ја Албанија во фокусот на светските случувања. Сепак, 30 години по падот на комунизмот, многу Албанци веруваат дека духот на претходниот режим „останал во наследство кај партиите што се појавија за време на демократијата”.

20 февруари се одблежува како Ден на националното сеќавање на жртвите на комунистичкиот режим. Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, потсетувајќи се на овој датум, наведува дека „пред 30 години, Албанците ја урнале статуата на најбездушниот диктатор што некогаш го имала албанската историја, кој е возвишен чин на ослободување од диктатурата”. Според него 20 февруари 1991 година е датум на новата надеж на албанските граѓани за да создадат Албанија како цела Европа.

Advertisement