Центар “Нов Контакт”- Македонија одржи јавна трибина ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“ 

 

Со цел зајакнување на врската со македонската дијаспора и македонското национално малциство во сосеството како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности. Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија, како невладина, непартиска и непрофитна организација во улога на промотор на оваа идеја организира Јавна Трибина во рамките на проектот ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората,, посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји. Институционалната поставеност на државата за соработка со дијапората, идните предизвици и градење нови модели на соработка меѓу државата и граѓанскиот сектор. Ова се дел од темите на денешната трибина што ја организира Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт – Македонија“.

Трибината посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градење на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија кој е поддржан од Цивика мобилитас – Програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, Швајцарската агенцијата за развој и соработка и Македонскиот центар за меѓународна соработка. На трибината се обраќања на министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, директорите на МЦМС Александар Кржаловски, и на Агенцијата за иселеништво на Македонија Никола Шалваринов, дел на ова трибина беше и Или Халилај претседател на Македонско друштво “Илинден” Тирана  огранок Голо Брдо како претставници и од повеќе невладини организации.

Advertisement