Со церемонија ќе се затвори Хашкиот трибунал

Во Хаг денска ќе биде одржана официјална церемонија на затворање на Меѓународниот суд за поранешна Југославија кој беше основан во 1993 година. Меѓународниот суд официјално престанува со работа на први јануари 2018 година. Во текот на 24 годишната работа беа процесуирани над 160 обвинети, кои добија над илјада години затвор. Трибуналот зад себе остава милиони документи од предметите кои ги водеше, а кои ги сакаат земјите од регионот чии граѓани беа во постапките.

 

Advertisement