Според овие сведочења, принциот Халид му рекол на Кашоги дека треба да оди во Саудискиот генерален конзулат во Истанбул, каде што беше убиен, со цел да ги земе потребните документи за неговата венчавка, гарантирајќи му дека е безбеден. Во реакција на ваквите тврдења, Саудиската амбасада во Вашингтон соопшти дека амбасадорот и Кашоги никогаш не разговарале за негово заминување во Турција, нагласувајќи дека сознанијата на ЦИА се лажни.
И натаму слушаме различни теории без основа за таквите шпекулации, изјави портпаролката на Саудиската амбасада во САД. Сепак, според „Вашингтон Пост“, ЦИА е уверена дека нејзините сознанија се точни, истакнувајќи дека станува збор за „најконкретни докази досега“, кои го поврзуваат принцот Мохамед бин Салам со убиството на Кашоги. Кашоги беше новинар на „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови кон саудсикото кралско семејство. Тој беше убиен минатиот месец кога отиде во Саудискиот конзулат во Истанбул, со цел да ги обезбеди потребните документи за неговата венчавка со турска државјанка.