Премиерот на Грција, Алексис Ципрас употреби остра реторика против албанската влада, порачувајќи дека европската перспектива на Албанија би можела да биде доведена во прашање доколку властите во Тирана не ги почитуваат правата на грчкото етничко малцинство во таа земја. Тој на прашање за имотите на Грците во јужната албанска општина, Химара, и порача на Албанија дека може да се соочи со санкции на патот кон Европската Унија.
„Во последно време ги следиме случувањата кои нам не ни се допаѓаат. Добивме информации дека се забележани негативни тенденции кога станува збор за грчкото малцинство во Албанија. Ако тоа е точно, тогаш тоа ќе има негативен развој. Прашање кое, за жал, не ни дава оптимизам кон европската перспектива“, изјави Ципрас на новинарско прашање на собир на крводарителите во Букурешт и додаде дека ако информациите се точни, не постојат услови за напредок во европскиот правец.
„Се надевам дека не е вистина, бидејќи наша желба е чекорите кон европската перспектива да станат реалност. Но, ние секоја земја ја надгледуваме одделно“, изјави Ципрас. Припадниците на грчкото мацинство од Химара, ја обвинуваат албанската влада дека им ги одзима имотите за да гради туристички комплекси.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
