Црногорската православна црква не ја прифаќа иницијативата за заедничка црква со СПЦ

Иницијативата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, за соединување на Српската и Црногорската црква, за владиката Михаило, поглавар на ЦПЦ, е невозможна и смета дека тоа е неприфатливо решение. Секоја православна црква е депозит од традицијата и од културата на еден народ. Секоја црква е лојална кон својата држава. Руската кон рускиот народ, Српската на српскиот итн. Затоа Православната црква не е национално обележана и не постои во православниот свет – истакнува митрополитот Михаило.

Претседателот Ѓукановиќ неодамна понуди платформа за решавање на црковното прашање во Црна Гора. Тој смета дека со формирање православна црква на Црна Гора без национален предзнак ќе стави точка на поделеноста на православните верници, пишува РТЦГ. Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие претходно порача дека во Црна Гора постои тенденција од луѓе што не знаат ни што е црква, ни веруваат во бога, ни се крстени да создаваат свои цркви.

Црногорската православна црква досега не се огласуваше по повод иницијативата на Ѓукановиќ, а владиката Михаило во изјава за „Побједа“ беше категоричен и смета дека не гледаат благонаклонето на ваквото решение на деценискиот спор на двете верски заедници во ЦГ.

Advertisement