Турнир на триесет Македонски фудбалски клубови од цела Австралиjа 

Македонскиот фудбалски Клуб Queanbeyan City FC, oд 26 до 28 Jануари 2019 година во Квинбиjан, во траење од 3 дена, ќе се одржи наjголемиот македонски фудбалски настан на годината, MASO CUP, со учество на триесетина Македонски фудбалски клубови од ширум цела Австралиjа. Овоj спектакуларен спортски настан ќе се одржува за прв пат во Квинбиjан.

Во исто време ќе биде три дневна можност за дружење, запознавање и размена на искуство како во фудбалот така и меѓу играчите, гостите и македонската младина од цела Австралиjа на едно место. Отварањето на овоj MASO CUP ќе биде во сабота на 26ти Jануари во 11 часот на стадионот Seiffert Oval во Квинбиjан. – стои во соопштението на Македонски Фудбалскиот Клуб QCFC од Квинбиjан.

Advertisement