Учество на Државниот архив на Македонија на НАТО Архивскиот комитет

За кратко време, откако на 27 март 2020 година нашата држава стана полноправна членка на НАТО алијансата, Државниот архив стана член на Архивскиот комитет на НАТО, во чија работа учествуваат претставници на националните архиви од сите држави-членки.

Успешната комуникација и соработката со НАТО Архивскиот комитет и на нивна покана веќе вторпат учествува на Работилница и Годишен состанок на Архивскиот комитет на НАТО, кои се одржаа на 9 и 10 декември 2021 година.

На горенаведените настани Државниот архив беше  претставуван од директорот, д-р Емил Крстески и Светлана Успрцова, раководител на Сектор. Нашето учество на овие настани е од особено значење, бидејќи НАТО Архивскиот комитет е заинтересиран за вклучување на сите засегнати страни во процесот на создавањето на процедурите за декласификација на одредени документи, нивна достапност до истражувачите и видот на документите што може да бидат јавно достапни.

На состанокот беа дефинирани и усвоени одредени заклучоци што се однесуваат токму на овие теми и е договорена нова средба во февруари следната година, соопштија од Државниот архив.

Advertisement