Универзитетот Македонија во Солун го одби барањето на партијата на Македонците „Виножито” за изучување македонски јазик

Во своето писмо до „Универзитетот на Македонија“, вториот најголем универзитет во Солун, Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ која ги застапува интересите на етничките Македонци во Грција, бара настава на “македонски јазик” на Одделот за балкански, словенски и ориентални студии.

Ректорот Стелиос Катранидис потврди дека Универзитетот не го прифаќа барањето, сметајќи дека тоа е апсолутно неетичко да и се излегува во пресрет на една политичка партија.

“Луѓето што го напишале писмото не разбираат како функционираат универзитетите. Ние не прифаќаме барања од клубови, партии, агенции за наши образовни програми. Ние наставната програма ја формираме врз основа на научни податоци и академски приоритети “, изјави Катранидис.

“Ние не реагираме на писмото, сметаме дека потегот е неетички, а Министерството за образование и наука предложи да воведеме специфични лекции во учењето на нашите студенти. Барање на партија до универзитет го сметаме за неетичко, “истакна ректорот.

Тој додава дека претставниците на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ се обиделе да влијаат преку икуменскиот патријарх за јазикот да биде „протнат“ во наставата како „црковен македонски јазик за македонско малцинство” доколку има отпор од страна на универзитетот..2220