Вардар ги доби првите признанија во Келн: Душебаев е најдобар десен бек Гонзалес е тренер на сезоната

Пред почетокот на Ф4 турнирот во Келн, за Вардар пристигнаа и првите индивидуални признанија. По гласањето на навивачите во конкуренција на 50 номинирани играчи во повеќе категории, од 20 различни клубови и 17 нации, Алекс Душебаев беше избран за најдобар десен бек во лигата на шампионите. Тренерот Раул Гонзалес пак беше избран за најдобар тренер.

Се гласаше он-лајн, а меѓу седумте најдобри играчи само Лудовик Фабрегас од Монпелје не е дел од Ф4 турнирот. Доминираат играчите на ПСЖ, со вкупно тројца во Ол стар тимот, двајца од Барселона, и по еден од Вардар и од Монпелје. Алекс Душебаев беше избран за најдобар млад играч во Лш во сезоната 2014/2015.

 

 

Advertisement