Вашингтон Пост: Директорот на ЦИА имал таен состанок со лидерот на талибанците во Кабул

Директорот на американската централна разузнавачка агенција “ЦИА”, Вилијам Бернс, одржал таен состанок со де факто лидерот на талибанското движење Абдулах Гани Барадар, пишува денеска “Washington Post”. Весникот наведува, повикувајќи се на упатени американски службеници, дека состанокот бил одржан вчера во Кабул и дека тоа било средба на највисоко ниво меѓу претставници од двете страни.

Изворите не сакале да бидат именувани поради чувствителноста на темата. ЦИА добила да го коментира состанокот со талибанците, а во текстот се наведува дека темата на разговорите бил рокот за операцијата за евакуација во Кабул, која ја спроведува војската на САД. Рокот истекува на 31-ви август.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден е под притисок на некои сојузници да ги задржи американските сили во Авганистан и после тој датум за да помогнат во евакуацијата на десетината илјади граѓани на САД и западните држави, како и авганистанските сојузници кои се очајни по доаѓањето на власт.

Британија, Франција и останатите американски сојузници соопштиле дека е потребно повеќе време за евакуација на нивниот персонал, но и талибанскиот портпарол предупредил дека кршењето на рокот е “црвена линија” и дека ќе има последици ако американските трупи останат и по 31-ви август.

Advertisement