„Ватикан њуз“ го воведе македонскиот јазик на својот портал

На еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Република Македонија, закажана за 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на овој портал. Католиците кои живеат во Република Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, објави сајтот.

Порталот наведува дека во Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква. Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Ватикан њуз“.