
Вечерва започнува светиот месец за муслиманите ширум светот, месецот Рамазан. Рамазан е деветти месец во исламскиот календар и тој е свет месец за муслиманите затоа што во него започна откривањето на Куранот, светата книга на муслиманите. За време на Рамазан, муслиманите ширум светот постат од сабах (зора) до ашам (почеток на вечерта).
Освен од храна и пијалок, муслиманите постат и од лоши дела, се обидуваат да не лажат, да не озборуваат, да бидат соодветно облечени, да се чуваат од неморал и слични искушенија што ги принудува сатаната (ѓаволот). Месецот Рамазан започнува вечерва и ќе трае до 13 мај, кога започнува еден од најголемите исламски празници, Рамазан Бајрам.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden