Велика Британија: Стапија на сила граничните контроли за увезената храна од ЕУ

За прв пат после Брегзит, стапија на сила новите гранични контроли во Велика Британија за дел увезената храна од ЕУ, што може да придонесе за зголемување на цените поради зголемената бирократија за компаниите.

Месото, јајцата, рибата и млечните производи се дел од свежите производи за кои сега ќе бидат потребни извозни здравствени сертификати и други документи пред да влезат во Обединетото Кралство, соопштува  „Си-Ен-Ен“, а пренесува „Блиц“.

Според проценките на британската влада, од април проверките, вклучително и физичките инспекции, ќе ги чинат британските бизниси околу 330 милиони фунти (околу 387 милиони евра) годишно.

Тоа би  можело да ја зголеми инфлацијата за околу 0,2 процентни поени во текот на три години, иако некои експерти од индустријата предупредуваат  дека тоа ќе има поголемо влијание.

Производителите на храна од ЕУ сега прв пат ќе се соочат со проблеми со граничната бирократија откако Велика Британија го напушти огромниот пазар и царинска унија на ЕУ во јануари 2021 година. Велика Британија ја напушти ЕУ една година порано, во јануари 2020 година, по одлуката на референдумот во 2016 година.

Advertisement