Дали сега Каракачанов, Захариева и целата историска група на „братска“ Бугарија ќе се засрамат, и извинат за ветото кое го базираа на непостоечка и „фалшлива“ историја за непостоење на Македонска нација пред 1944 год.? Како што се гледа од оригиналниот весник, веста е објавена во најпознатиот американски весник на сите времиња , на 26 Мај 1903 , Вторник, во кој Гоце Делчев се именува како Македонец и Македонски лидер, а сето тоа напишано од бугарскиот дописник на New York Times од Софија, Бугарија. Во веста се јавува дека Гоце Делчев со уште неколку придружници бил во селото Баница во близина на Серес, а бил предаден од Грчки шпијун.
Големи трупи на Турска војска го опколила селото и сите членови на дружбата на Делчев биле убиени после долготрајна борба. Делчев имаше 32 год, и бил школски учител кој ја развил на организацијата на целата територија на земјата Македонија, јавува бугарскиот дописник на New York Times, од Софија, во Мај 1903 год. Сајтот на Канал 5 деновиве околу Новогодишните и Божикни празници ќе продолжи со реобјавување на слични вакви написи од весникот New York Times од нивната архива, од која јасно се гледа во преку 100на натписи дека постоеле Македонци како нација, различни од Бугарската нација, која имала и своја земја , за која се бореле Македонци. Како дополнување за постоење на Македонската нација е и следната вест, која била публикувана испод онаа за убиството на Делчев а говор за убиство на 150 Македонци./www.kanal5.com.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden