
Лидерите на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка одлучија да не присуствуваат на самитот на ЕУ посветен на миграцијата овој викенд, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, свика итен состанок во Брисел, во обид да го реформира системот на ЕУ за азил, кој ја преплави ЕУ со милиони мигранти кои продолжуваат да пристигнуваат секојдневно.
“Ние разбираме дека во недела ќе има самит но би сакале јасно да кажеме дека премиерите на В4 се согласија дека нема да одат на овој самит“, рече Орбан во Будимпешта во четвртокот. Вишеградската Четворка е групата на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка, кои ги отфрлија предлозите од ЕУ да дозволат прием на мигранти во нивните нации. Во изјавата за Си-Ен-Ен, канцеларијата на Орбан рече дека прашањето на миграцијата треба да се дебатира од страна на Европскиот Совет, кој ги вклучува лидерите на сите земји на ЕУ, а не Европската Комисија, која е извршната власт на нелегитимната ЕУ составена од неизбрани и во домашните земји поразени политичари како Могерини и Хан. Состанокот на Европскиот совет е закажан за крајот на следната недела.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden