
На средбата во Нови Сад со претседателот на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ со македоснкиот амбасадор Никола Тупанчески и претседателството на Македоскиот национале совет договорено е покраинската влада да биде покоровител на одбележубањето на 80 години од почетокот на доселувањето на Македонците во Војводина.
Очекувам дека и двете држави, и Србија и Македонија, да бидат вклучени во овој значаен историски и национален јубилеј. Можно е присуство на двајцата претседатели или високи официјални претставници на двете држави. Задоволство ми е што Покраинската влада на некој начин ќе биде домаќин на овој настан, вели Маја Гојковиќ претседател на Покраинкста Влада на АП Војводина . Разговаравме и за локацијата каде што ќе биде одбележан овој јубилеј, како и за значењето на подигнувањето на споменикот кој се вика „Мајка Македонија“.
Беше најавено дека ќе се воспоставиме соработка со градот Нови Сад за да се види кој би бил најпогодниот дел од градот каде што би бил поставен ваков споменик, како и ветување дека тие како покраинска влада секако и финансиски ќе го помогнат подигнувањето на овој споменик.
Во 1946 година започна колонизацијата, кога Македонците во голем број дојдоа во Србија, населувајќи се претежно во Јабука, Панчево, Качарево, Пландиште. Во Србија според последниот пописи живеат 14767 Македонци, но нивниот број според проценките на ОБСЕ се 100.000.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden