Владика Петар: Во Албанија никогаш немало Бугари

Владиката Петар ги повика Македонците во Албанија да не ја заборават Македонија и да ги издржат притисоците откако албанскиот Парламент го усвои Законот за малцинствата, со кој призна и бугарско во земјата.

„Во верата ги упативме речиси сите, крстени се повеќе од 5.000 наши Македонци во Мала Преспа, направивме цркви за нив со помош и од Епархијата и од други лица. Исто така, 13 деца од таму зедовме да ги школуваме во Богословијата, завршија и еден добар дел од нив се кај нас во Македонија. Две деца има таму, работат во Мала Преспа, едниот како свештеник, а другиот како вероучител во училиштата. Можам да кажам дека никогаш таму во тој период кога поминавме, а поминавме и во делот кај дебарскиот крај, односно во областа Голо Брдо од другата страна кон градот Пешкопеја, Долно и Горно Крчиште, Ербеле, Стеблево и другите места што ги посетивме и каде што има Македонци, никогаш никој од нив не се изјасни дека е Бугарин“ – изјави митрополитот преспанско-пелагониски на научната трибина „Македонците во Албанија, искуства и предизвици“, организирана во Прилеп од ЈНУ „Институт за старословенска култура“.

Advertisement