Влатко Стефановски за првпат во Тирана

Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, за се она пред настанот и по настанот за координација и поврзување на сите битни сегменти за да се понуди „кавијар” од македонскита музичка сцена, односно за сето „невидливо” стои уште еден голем маестро, Златко Ориѓански – директор на Mакедонскиот Културно-информативен центар во Тирана. Тој заедно со Денис Бижга, директор на “Albania guitar festival“ го овозможија овој прв концерт на светски реномираниот Влатко Стефановски во Тирана, што секако ќе биде забележан како историски датум за културите на двете земји.
Advertisement