
На 3 и 4 јуни Црногорската заедница во Елбасан го прослави денот на Свети Јован Владимир чие име го носи манастирот во селото Шијон.
Во оваа прилика Црногорската заедница во Република Албанија спроведе низа активности.
На 3.06.2022 година организира тркалезна маса по повод празникот Свети Јован Владимир, присутни беа постојаниот советник и претставник на Дирекцијата за дијаспора на Црна Гора, Зоран Укуканови, заменик градоначалник на Елбасан, Артур Гуни организаторот на оваа средба Претседателот на Црногорската заедница во Република Албанија, Маринко Цулафиц претставници на македонското, египетското и ароманското малцинство како и претставници на православната црква и бекташката заедница итн.
На 4 јуни во манастирот здружението отвори специјална изложба на фотографии на мурални икони на Свети Владимир собрани низ целиот балкански регион. На оваа изложба, покрај пријателите од Црна Гора, присуствуваа и градоначалникот на Елбасан Гледијан Лаља, Префектот на регионот Елбасан Мајлинда Периу, комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда, верници и пријатели.
Претседателот на Црногорската заедница во Република Албанија, Маринко Цулафиц заедно со претставниците на институциите од Црна Гора учествуваше на приемот што го организираше Неговото Преосвештенство Андони, митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden