Во Грција објавена „Антологија на млади поети од Македонија“

Електронската книга „Антологија на млади поети од Македонија“ чиј составувачот е поетот Ѓоко Здравески е издадена во Грција. Двојазичното издание на антологијата содржи песни од 13 поети од современата македонска поетска сцена, од кои некои прв пат се јавуваат токму во неа.

Поезијата од младите поети од Македонија беше препеана од Елени Кациоли. Онлајн изданието може да се погледне на овој линк, а печатеното во Грција е достапно за 2,99 евра. Книгата е дел од популарната серија „Антологии на млади поети“, а проектот „Млади поети“ е на издавачот vakxikon.gr од Атина.