Во издание на КОВЗРГ од печат излегоа: книгата „Водич за запознавање со еврејската историја, религија и култура“ и зборникот на трудови „Дали екологијата е и духовен предизвик“

Во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ деновиве од печат излегоа: книгата „Водич за запознавање со еврејската историја, религија и култура“ и зборникот на трудови „Дали екологијата е и духовен предизвик“.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) изминатите години преку својата програма за работа исклучителен фокус посвети на збогатување на македонската книжевна ризница со литература, преку која ќе ја запознае и едуцира читателската јавност со религиски теми. Во рамки на издавачката дејност, КОВЗРГ внесе еден современ дух во издаваштвото, се посвети големо внимание на ново модерно издаваштво со што се заинтригира пошироката читателска публика. Досега од печат излегоа повеќе публикации од интерес на различна група на читатели, кои се интересираат за содржина поврзана со верата и верските заедници.

Оваа година библиотечната ризница на КОВЗРГ се збогати со нови публикации, од печат излегоа: книгата „Водич за запознавање со еврејската историја, религија и култура“ и зборникот на трудови „Дали екологијата е и духовен предизвик“.

Зборникот ,,Дали екологијата е и духовен предизвик?” е мултиконфесионален зборник на трудови на кој работеа дваесеттина еминентни професори, духовници, теолози и припадници на различни вероисповести во интерес на јакнењето на еколошката свест.

Книгата „Водич за запознавање со еврејската историја, религија и култура“ е публикација, која излегува од чест на 7144 македонски Евреи депортирани од бугарскиот фашистички окупатор на Македонија.

Со здавањето на овие две изданија, КОВЗРГ дава значителен и голем придонес кон македонската книжевна ризница. Комисијата и во иднина ќе продолжи со современо и оргинално издаваштво.

Advertisement