Во Канада бензинот е поевтин од литар вода

Во Канада засега нема никакви недостатоци, освен тоалетна хартија, a цената на бензинот е пониска од цената на литар вода. Професор д-р Борис Сакиќ, професор на универзитетот Мек Мастер, вели дека ситуацијата во Канада е стабилна и дека смртноста е околу еден процент.

„Во моментов има околу 3.400 пациенти и 31 починати лица. Преземени се владини мерки за затворање на сите бизниси кои не се основни за живот, но се отворени продавниците за храна и лекови, банки и медиуми“, вели Сакиќ.

Кога станува збор за цената на основните животни намирници, Сакиќ наведува дека не се променети, но дека цената на бензинот е помала од цената на литар вода.

„Нема недостатоци, освен тоалетна хартија“, вели професорот на Универзитетот Мек Мастер.

„Предавањата се откажани и граѓаните се придржуваат кон советите, има помалку луѓе по рестораните кои сè уште работат, паркови, нема забрана за движење, но тие се подготвуваат да ги затворат парковите“, наведува Сакиќ.

Advertisement