Во Косова според резултатите од пописот одржан во 2024 година припадници на Македонската горанска заедница се декларирале 9 140 лица

Агенцијата за статистика на Република Косово денеска ги презентираше конечните податоци за пописот на населението.

Статистиката на етничката припадност

Албанци 91,76, Срби 2,31, Бошњаци 1,69, Турци 1,22, Роми 0,55, Шкалит 1,02, Египќани 0,67, Македонската горанска заедница 0,58, други 0,13“.

Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

Според овие резултати, во Република Косово живеат над 1,6 милиони луѓе.

Резултатите во линкот подолу: https://askapi.rks-gov.net/Custom/31bc24d2-45e4-4eb5-a567-405f4bdd197f.pdf