Во Косово нови американски сили

Околу 130 американски војници од првиот батаљон со седиште во Тупел, во државата Мисисипи, од 185 полк на авијацијата, ќе бидат распоредени на 10 месеци на Косово во рамки на силите на КФОР. Војниците прво ќе минат подготовки во американски центри во рамки на програма за испраќање на Косово. Нивното ангажирање е дел од поддршката на НАТО операцијата за стабилност на Балканот, пренесе РТС. Војниците ќе бидат во единицата за авијација што користи хеликоптери од типот УХ­60 Блекхок во базата Бондстил  се наоѓа во близина на Урошевац.

Advertisement