Во Културниот центар во Лесковац изведена е претставата „Големиот принц“ на македонски

По повод меѓународниот ден на детето во Центарот за култура во Лесковац изведена е претставата „Големиот принц“, двојазично, на македонски и српски јазик. Оваа претстава је изведе „Мала сцена“ од Белград, а организатор на гостувањето е Здружението на Македонците од Белград и Националниот совет на македонците во Србија.

Како што истакна Ивана Цветковиќ, член на Националниот совет на македонците во Сртбија, Лесковац може да се пофали со големо интересирање на децата за изучување на македонскиот јазик, кој што се изучува во основните училишта „Коста Стаменковиќ“ и Боро Станковиќ“. Во Србија македонскиот јазик со елементи на национална култура, факултативно го изучуваат 300 деца, од тоа во Лесковац 161.