
Во македонската амбасада во Тирана е отворена книга на жалост, а на објектот на амбасадата македонското знаме од вчера се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица.
Информираме дека денеска во амбасадата е отворена книга на жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Денеска тоа беше од 13:30 до 15:30 додека од утре до петок од 9:30 до 12 часот и од 13:30-15.30 часот, соопштија од амбасадата.
Вчера амбасадата изрази најдлабоко сочувство до семејствата, пријателите и блиските на младите животи кои трагично згаснаа.

Од име на амбасадата вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу покрај сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака побрзо закрепнување.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden