Во Париз се одржа традиционалниот фестивал „Ден на Православието“

На 9 јуни на иницијатива и во организациска поддршка на Соборот на православните епископи на Франција, во француската престолнина се одржа Денот на Православието. Учесниците на Православниот форум најпрвин го посети Стефановскиот соборен храм на улицата Биза, каде зеде учество во Божествената Литургија на која пееја неколку хорови од разни Помесни Православни Цркви, а потоа се упатија во во православниот духовно-културен центар каде се одржа округла маса на тема: „Основни проблеми на Биоетиката: Православен поглед“. Во овој научно просветителски дел од Форумот, свои предавања имаа свештеници од Романската Православна Црква, од Константинополската Патријаршија во западна Европа, од Руската Православна Црква и од Универзитетот на Париз.

Advertisement