Во Романија продолжуваат антивладините протести (ВИДЕО)

Романците веќе петта вечер по ред излегоа на протести пред зградата на владата во Букурешт да бараат оставка од премиерот Виорика Данчила, како и откривање на одговорните за полициската употреба на сила на собирот одржан на 10 август. Тогаш над 400 демонстранти побараа лекарска помош откако полицијата со водени топови и солзавец се обиде да ги растера демонстрациите на кои учествуваа околу 100.000 луѓе. Романија која е една од најкорумпираните земји во ЕУ, а Брисел спроведува специјален мониторинг на романскиот правен систем.

Advertisement