Во рамки на шестата Активна српско-македонска културна недела (СРМА) во Сомбор се одржа Македонска образовна недела во западнобачкиот округ за македонската историја, јазик, книжевност и музика, јави дописникот на МИА од Белград.

Организатор на македонската образовна недела беше Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, а беше финансиски поддржана како проект од страна на срското Министерство за човекови и малцинаски права.

За време на тридневната образовна недела, Македонците и Србите од Сомбор и овој регион во Србија имаа можност да се запознаат со македонската историја, книжевност, музика преку предавањата на македонски и српски предавачи и професори, меќу кои и проф.д-р. Жељко Милановиќ од Филозовскиот факултет во Нови Сад, поранешниот претседател на Сојузот на писатели на Србија Радомир Андриќ, македонскиот новинар и историчар Оливер Бранковиќ, музикологот м-р Мирјана Соколова Ѓокиќ, писателот Виктор Шеќеровски и други.

Беа емитувани и документарно-играни филмови од македонската историја, поставена изложба на вињети и карикатури на познати српски и македонски личности, промовирани збирките на песни на писателот Виктор Шеќеровски и Душица Илин, академик Рајко Игиќ од Сомбор, а присатните можеа да ја чујат и македонската етно музика и да се запознаат со големината на делото на Крсте Петков Мисирков.

Во рамки на Македонската образовна недела, в.д амбасадорката на Македонија во Белград, Михаела Веселинов со преставниците на здружението Пела предводени од д-р Лилјана Соколова и учесниците на манифестацијата беа примени од заменик на градоначалникот на Сомбор Љиљана Тица.