Македонците во Србија во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, во Костолачка Коса крај Пожаревац им оддадоа почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна. Баталјонот броел 1.300 Македонци! Воедно е побараа на постоечката спомен плоча во цркавта Св.Ѓорѓи да се постави нова на која наместо Вардарци ќе пишува Македонци. Од српската влада е добиен одговор дека со задоволство ќе биде прифатена таа иницијатива.
„Бараме споменик за паднатите Македонци. Во село Петка има споменик, но не и за Македонците. Имаме идејно решение за споменик на кое на македонски и на срспки јазик е напишано дека се Македонци. Поднесовме барање до претседателот Александар Вучиќ, до премиерката Ана Брнабиќ, до Министерството за култура на Србија. Добивме одговор од Министерството за труд и боречки прашања-сектор за боречка заштита дека со задоволство ја поддржуваат иницијативата со која се негуваат сеќавањата за жртвите од Првата светска војна, но дека немаат планирано средства за оваа година, со надеж за следната година нашата иницијатива да се реализира“, изјави Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.
На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за овие храбри Македонци, присуствуваа Македонците од Србија, делегација од општина Костолац и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.