Во Тирана нова средба на Координативниот тим на Дримскиот басен

Денеска во Тирана во рамките на ГЕФ Дримскиот проект ,се одржува работен состанок на Координативниот Тим на Проектот со националните експерти од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора кои ќе ги изработуваат Тематските извештаи во рамките на Прекуграничната Дијагностичка Анализа на Дримскиот Басен. На состанокот ќе се утврдат начините на колектирање на податоците и  изготвување на анализите и тоа за загадувањето, хидрологијата и хидрогеологијата , биодиверзитетот , социоекономијата , инстутиционалната и легална поставеност и врската помеѓу водата , енергијата, земјоделието и екологијата. Извештаите ќе треба да дадат заклучоци за статусот и мерките во сите наведени сектори.

Овие извештаи се воедно поддршка на Прекуграничната Анализа и со тоа на Стратешкиот Акционен План за целиот Дримски Басен кој ќе ги утврди приоритетите за идна акција за заштита и унапредување на управувањето со баенот и со трите езера кои се во негови рамки Охридско , Преспанско и Скадарско Езеро, вели Дејан Пановски  од Координативниот тиm на ГЕФ Дримскиот Проект.
Advertisement