Во Тирана се одржува 27.конференција на Началниците на ГШ на иницијативата САД-Јадранска повелба

Во Тирана денеска почна Дваесет и седмата конференција на началниците на генералштабовите на Иницијативата за американско-јадранска повелба (А-5).

Со конференцијата копретседава началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Арбен Кингџи и врховниот командант на сојузничките сили во Европа, во исто време и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи.

Фокусот на оваа конференција ќе биде развојот и динамиката во безбедносното опкружување во регионот и пошироко, зголемувањето на трошоците за одбрана над прагот од 2% од Бруто домашниот производ како начинот за исполнување на капацитетите на Алијансата и целите на планирањата на НАТО за партнер земјите.

Генерал Каволи на отворањето изјави дека конференцијата на Јадранската повелба има за цел да ги унапреди основните принципи и вредности на ОН.

За нас е многу добра организација да водиме дијалог и да се фокусираме на овој критичен дел од Европа. Нациите овде се посветени на унапредување на принципите на Повелбата на ОН и основните вредности, кои ни се многу драги. Оваа конференција е основа и работа за нас да одиме напред кон просперитетна иднина. Нашето континуирано партнерство, не само меѓусебно, туку и меѓу сите нас ја поддржува оваа заедничка цел, нагласи Каволи.

На конференцијата учествуваат земјите потписнички на А-5; САД, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, додека со статус на набљудувач се присутни и претставници од Косово и Словенија, командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, Италија, како и аѓутантите од соодветните држави на Програмата за партнерство на Националната гарда на САД (Њу Џерси, Мериленд, Минесота, Вермонт, Мејн), државите на Програмата за партнерство на Државниот набљудувач (Охајо, Колорадо, Ајова), објави АТА.

Advertisement