Во Трново се одржа јубилејната 50-та Семакедонска средба

Денес во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 50-та јубилејна Светска Македонска Иселеничка Средба Трново 2021 и 41 Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како „Семакедонска средба Трново 2021“.

Организатори на 50. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Во име на организаторите Средбата ќе ја поздрават Тодор Петров, Александар Јаневски и Михаил Огненовски, како и претседателот на Македонската партија во Албанија и пратеник во Собранието на Албанија, Васил Стерјовски.

Присутните ќе ги поздрави Ане Лашкоска пратеник во Собранието на Македонија. Организаторите најаваат дека ќе се одржи и  културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.

Advertisement