Во центарот на Атина се подига споменик на Александар Македонски

Во центарот на грчкиот главен град, Атина, се подига споменик на Александар Македонски, висок 3,5 метри, според грчкиот весник Катимерини. Споменикот е дело на еден од најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас. Досега, Александар Македонски во Грција имаше споменик само во Солун, Егејска Македонија.

Advertisement