
Во училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, вчера се одржа промоцијата на македонските машки носии од Преспа, изработени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, реализиран од Македонското друштво „Сонце“ во соработка со партнерските организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства.

По минатогодишната реконструкција на четирите женски носии, денешното претставување на машките носии го заокружува создавањето на комплетниот ансамбл на фолклорната група од Преспа. Со ова, нашата културна ризница добива уште посилен и подостоинствен претставник и дома, и на меѓународната сцена.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden