Во Универзитетот во Тирана свечено беше означено отворање на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура

Во Универзитетот во Тирана денеска свечено беше означено отворање на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, објави Универзитетот на официјалната веб страна.

Додава дека станува збор за “воннаставен курс по македонски јазик на Факултетот за странски јазици”.

Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана додаде воннаставен курс по македонски јазик. По повод свеченото отворање на овој курс, ректорот на Универзитетот во Тирана проф. Др. Артан Хоџа ја пречека делегацијата од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”од Скопје, стои во објавата.

Лекторат по македонски јазик функционираше до пред десеттина години. Иницијатива за реактивирање на лекторатот покрена Македонското друштво “Илинден”-Тирана, кое и достави барање до Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана беше прифатено за академска година 2023- 2024.

Позитивниот одговор друштвото го оцени како историски момент за Македонците во Албанија.

Advertisement