Врховен муфтија на Русија: Корените на Бугарите се во Монголија, Татарстан, а не на Балканот (ВИДЕО)

Бидејќи, Софија отвара теми за Македонија како дел од Бугарија, Македонците како Бугари, за Македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, иако денешнава Бугарија е формирана како кнежевство во 1878 година, ајде да прошетаме до “прабугарите“ во Татарстан и Русија. Не е лошо да ја прочачкаме и ние таа историја, со егозтични дестинации, каде што Софија сака и нас Македонците да не депортира, како што сториле со Евреите од Македонија за време на бугарската фашистичка окупација во 1943 година.

Вреди да се чуе дел од предавањето на Шеих-Ул-Ислам Талгат Сафа Таџуддин, Врховен муфтија на Русија и претседател на централната духовна управа на муслиманите во Русија на 1 февруари 2014 година, пред студентите на Историскиот факултет при Московскиот државен универзитет, за потеклото на народите на Волга Урал (Татари и Башкири). Кои се Бугарите, нивниот јазик и татковина, кога го изгубиле јазикот на Балканот!

Исламот кај нас навлезе години пред 1420 година. Сега се нарекуваме Татари и Башкири, но вистината е дека сме Бугари! Од сите народи во светот, Бугарите први после Арапите го признаа пророкот Мохамед! Први кои доброволно го прифатиле исламот, тоа се нашите претци Бугарите! На устието на реките Кама и Волга се формирала државата Бугарија! Тројца од придружниците на Мохамед, година и половина пред неговото преселување во Медина, пристигнале и го проповедале исламот во Бугарија … Така се случува, не нарекуваат “татари“ и започнува “татарското“ ропство … Но, први во Европа на татаро-монголите се спротиставиле нашите претци Бугарите! … Така, Бугарите 13 години ја задржаа татаро-монголската инвазија во Европа … Но, нашите претци Бугарите на Хан Аспарух на Балканот се обединиле со славјаните и формирале држава. За 200 години го изгубиле јазикот, но го сочувале името. Кај нас се случило обратното! … Дури и Киев е формиран од Бугари и славјани. Во времето на паганството Киев имал и бугарски хан и славјански кнез … Татковината е светост. Таа се состои од Русија, Киевска Русија и Бугарија. Други држави во тоа време немало! … Нашата заедничка татковина ја основале нашите претци. Никој не ја избрал сам, како што не може да се избира мајката … Нас не’ собра судбината. А таа е од Бога и само од Бога! …

А не е лошо да го чуеме и Божидар Димитров Стојанов, роден во Созопол, Бугарија, во семејство на бегалци од Источна Тракија, на 3 декември 1945 година, кој е доктор на историски науки, бил директор на бугарскиот Национален историски музеј, пратеник во Бугарското собрание од ГЕРБ и министер за Бугарите во светот во првата влада на Бојко Борисов. Бил вработен во бугарската служба за државна безбедност како аналитичар на балканската историја. Специјализирал палеографија во Париз и Ватикан. Автор е на бројни монографии и статии од областа на бугарската историја. Околу неговотото етничко потекло постојат разни шпекулации, но самиот тој се декларирал за “потомок на Прабугарите“. Починал на 1 јули 2018 година во Софија.

Бугарскиот народ или Прабугарите се од туркско потекло кои дошле на територијата на денешна Република Бугарија од Монголија, Алтајските планини, степите на Евро-Азија, до долното течение на реката Дунав каде што ја формират Бугарската држава! – вели Божидар Димитров. Божидар Димитров, пак смета дека славјани не постојат, тие се измислени од Русија заради хегемонизмот на Москва наречен панславизмот!

Би додале, ако корените на (пра)Бугарите се во Монголија, Кина, Татарстан, а на Балканот, откога дошле, за 200 години го изгубиле јазикот, прифаќајќи ја верата и јазикот на домородните, не е ли логично прашањето: Како се викале тие со кои доселените Бугари се обединиле, чиј јазик Бугарите на Балканот го прифатиле? Да не биле тоа Македонците и Македонскиот јазик, кој сега го прават дијалект на бугарскиот литературен јазик? И не е ли малку депласирано да отвараат такви теми, кога и самите знаат дека основата на Балканот е Македонија, основата на Бугарија е Македонија, дека македонскиот етнос е основата на бугарскиот демос! Впрочем и самиот Каракачанов вели не постои Бугарин без македонски корени! Точно е само тоа, дека Бугарија без Македонија и Македонците нема домородна историја, нивната официјална историја е во најдалечниот Исток! И, како што комисии на Комунистичката партија на Бугарија ја ретуширале македонската историска документација во бугарска, така и сега, со шарлатанот Зоран Заев, Бојко Борисов формира комисија за октроирање на нова политичка историја за Македонија и Македонскиот народ, за да не мора да ја преправат нивната фалсификувана историја за Бугарија од времето на комунизмот и руската креација Сан Стефанска Бугарија од 1878 година.

Им даваме време да се спознаат, затоа што балонот кој го дува официјална Софија, пред се’ нејзините ментори од други и туѓи метрополи за нивни интереси на овие простори, кога и да е ќе пукне! И во Бугарија се создава нова историска школа, кои корените на Бугарија ги врзуваат за Македонија од пред нашаат ера до денес. Зарем не сте прочитале дека македонската кралица Клеопатра од династијата на Птоломеидите е Бугарка? Се’ повеќе и повеќе ќе го има тоа во нашата братска Бугарија…

Македонците сигурно нема да ги бараат своите корени во Татарстан, Кина и Монголија заради заблудената санстефанска Софија на Бојко Борисов, Екатерина Захариева, Божидар Димитров, Красимир Каракачанов, Андреј Ковачев, Васил Николов и Спас Ташев./Пишува Тодор Петров