Врховниот суд му забрани на Гваидо да ја напушти Венецуела

Врховниот суд во Венецуела донесе одлука со која му се забранува на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо да ја напушти земјата и му се замрзнуваат неговите банкарски сметки. Ваквиот потег доаѓа откако Гваидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела. САД и неколку други држави го прогласија соборениот претседател Николас Мадуро за нелегитимен лидер и го поддржаа Гваидо. Потоа Вашингтон воведе санкции за венецуелската државна нафтена компанија, која е клучен извор на приходи во земјата.

Врховниот суд ја донесе одлуката по барање на власта да го испита,затоа што сметала дека Гваидо им дозволува на странски држави да се мешаат во внатрешните работи на Венецуела .

Судот кој е составен од лојалисти на Мадуро, се согласи да го спроведе таквото барање по што му забрани на 35-годишниот лидер на опозицијата да ја напушти земјата. Таквиот потег предизвика остра забелешка од советникот за национална безбедност на Белата Куќа Џон Болтон, кој предупреди на „сериозни последици за оние кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата и да му наштетат на Гваидо.“ Во меѓувреме за руската државна новинска агенција Мадуро изјави дека е подготвен на разговори со опозицијата „во име на мир “ со учество на меѓународни медијатори. Тој му се заблагодари на неговиот руски колега Владимир Путин за поддршката која му ја дава на сите нивоа.

 

Advertisement