Вселенскиот патријарх Вартоломеј е пуштен од болницата во Вашингтон

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е пуштен од болницата во Вашингтон откако преноќи тамѕ на првиот ден од планираната 12-дневна посета на Соединетите Американски Држави.

„Со задоволство можам да им соопштам на сите дека нашиот духовен отец, Неговата пресветост штотуку беше пуштен од болница. Тој се чувствува добро и е подготвен да ја продолжи својата официјална апостолска посета“, напиша на 25 октомври на Твитер архиепископот Елпидофор од Грчката православна архиепископија на Америка. Тој беше однесен во болница доцна вчера откако не се чувствувал добро по долгиот лет претходниот ден и полниот распоред по пристигнувањето, соопшти грчката црква во САД. Неговата посета е планирано да трае до трети ноември.

81-годишниот Бартоломеј денеска требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Покрај закажаните состаноци со највисоките американски претставници, Вартоломеј треба свечено да ги „отвори вратите“ на Грчката православна црква и националниот храм Свети Никола во Њујорк, кој беше изграден наместо парохиската црква уништена на 11 септември 2001 година во нападот врз Светскиот трговски центар. Тој првично требаше да ги посети Соединетите држави во мај 2020 година на покана на тогашниот државен секретар Мајк Помпео, но неговото патување беше одложено поради пандемијата.

Advertisement