За два месеци нов македонски Културно – информативен центар во срцето на Истанбул

Се шири бројот на македонски културни центри во светот. По отворањето на Културно- информативните центри во Њујорк и Софија, во 2004 и 2005 година, за два месеци се очекува да проработи и најновиот македонски Културно – информативен центар во Истамбул. Тој е резултата на потпишаниот договор меѓу двете земји пред 7, а стапи на сила пред 5 години.

„Согласно договорот , македонската страна го доби правото на користење еден кат од станбената зграда Сејран, во областа Бејоглу, во срцето на Истамбул. За директор е назначен Рамадан Рамадани, а отворањето се очекува за околу два месеци“, велат од култура.

Нашиот Културен центар во Истамбул, годинава ќе располага со буџет од 770 000 денари, со кој ќе бидат реализирани 6 изложби на домашни уметници, а ќе бидат претставени и млади македонски писатели. Реципрочниот карактер на договорот меѓу македонската и турската страна вклучува и отворање на турски Културно- информативен центар во Скопје, кој како што велат од ресорот Култура, ќе биде сместен во Куршумли ан. Република Турција , има обврска својот центар да го конзервира и реставрира, за што УЗКН веќе има дадено одобрение.

Постапките за отворање наши културни центри во странство, се регулирани согласно Законот за надворешни работи, а по отворањето, финансирањето го превзема Министерството за култура.

Advertisement