Заедницата на Црногорците во Албанија додели Благодарници по повод тригодишнината

Во рамките на 3-годишнината од основањето на Заедницата на Црногорците во Албанија (ЗЦГА) во Тирана претседателството на ова здружение организираше работен состанок. За време на оваа средба се дискутираше за програмата на активности за периодот 2021-2022 година и заради тешката состојба на Ковид-19 и неможноста да се организира активност за овој јубилеј беше одлучено да се доделат благодарници на некои личности и институции што дадоа континуиран придонес за поддршка на програмата  на ЗЦГА од нејзиното основање за промовирање на историски личности и настани што оставиле трага во историјата на црногорските во албанија. Претседателот на Заедницата на Црногорците во Албанија, Маринко Цулафиц.

Благодарниците по повод основањето на Заедницата на Црногорците во Република Албанија (ЗЦГА) беа доделени на:

1) Матица Црногорска
2) Митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд на Албанска Православна Црква,  Андон Мердани
3) Претседател на Регионалниот совет на Лежа, Едуард Ндреца
4) Поранешниот градоначалник на Бар, Црна Гора др. Зоран Срзентиќ
5) Претставник на Матица Црногорска во  Република Македонија, Мирољуб Орландиќ
6) Легенда на албанскиот фудбал со црногорско потекло (по смртта) Милутин Керчиќ
7) Тројцата најстари припадници на црногорската заедница: Борислав Цулафиц, Барда Соскиќ и Ибрахим Ѓонбалиќ

Advertisement