Заедницата на Црногорците во Република Албанија организираше фолклорен концерт во Елбасан и Скадар

На 13 декември на Универзитетот “Александер Џувани“ во Елбасан, Заедницата на Црногорците во Република Албанија, во соработка со Дирекцијата за дијаспора организираа културна активност на тема „Црногорско мултикултурно творештво“.

Целта на овој настан беше промоција на книгата “Ксенија Цицвариќ – Живот и песни“ од Милорад Мирановиќ и презентација на црногорски носии од претставничката група на ансамблот „Мирко Серзентиќ“ предводена од познатиот професор и композитор по народна музика Сенад Гачевиќ.

Во своето воведно обраќање, претседателот на Заедницата на Црногорците во Република Албанија, Маринко Цулафиц, му се заблагодари на ректорот на Универзитетот во Елбасан, Скендер Топи за неговата целосна поддршка за реализација на оваа активност како и на останатите учесници.

Во име на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците, активноста ја поздрави Зоран Ѓукановиќ, а во име на Универзитетот “Александар Џувани“ зборуваа раководителот на Катедрата за лингвистика професор Теута Тоска и заменик деканот Аурела Баша. Активноста ја поздрави и комесарот против дискриминација, Роберт Гајда.

На 14 декември, претставникот на Дирекцијата за дијаспора и претседателот на Заедницата на Црногорците во Република Албанија, Маринко Цулафиц беа присутни на отворањето на почесниот конзулат на Црна Гора во Скадар каде што се сретнаа со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ  и со градоначалникот на Скадар, Волтана Адеми која заедно со министерот Радуловиќ свечено го отвори новиот почесен конзулат во овој град.

Потоа, министерот за надворешни работи на Црна Гора имаше топла средба со претставниците на црногорското малцинство во Албанија. Вечерта, во театарот “Ѓерѓ Милош Никола – Миѓени“ во Скадар според програмата на Заедницата на Црногорците во Република Албанија беше организиран фолклорен концерт со оро од фолклорното собрание „Мирко Серзентиќ“ со седиште во Подгорица и беше промовирана книгата „Ксенија Цицвариќ – живот и песни“ со автор Милорад Миранови.

 

Advertisement