Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски освари средба со претставниците на македонското национално малцинство Албанија 

За време на престојот во Тирана, Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски во Македонска амбасада во Тирана и Вршителот на должноста Македонски амбасадор, Луфтим Спахиу, освари средба со претставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија

На средбата присуствуваа: Васил Стерјовски, претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција, г-ѓа Сабина Џелили координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан, Марјана Фелах членка на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства.

Денеска на средбата со претставници на македонската заедница во Албанија се согласивме дека Одлуката на Владата на Република Македонија, која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, да отвори генерален конзулат во Корча претставува историски чин за Македонците во Албанија. На овој начин, нашинците кои живеат во Корча, Преспа и Поградец ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски. Поразговаравме за нивните предизвици, конкретни проекти и активности, а се со цел да ги јакнеме врските на македонското национално малцинство со татковината, рече Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски на средбата.