Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Фатмире Исаки заедно со Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствариа средба во просториите на Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан со Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан.
На средбата беа присутни Марио Рингов преставник на Македонија во Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан, на средбата имаше дискусии со цел размена на мислења за процесите на регионална соработка и добрососедските односи.
Не веруваме во случајности. Она што веруваме е напорна работа. Не е случајно што под претседавањето Скопје 2021 година, Фондот за Западен Балкан прерасна во подобра, повлијателна и модерна организација. Денеска имавме прилика лично да се заблагодариме на заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-ѓа Фатмира Исаки, и на блискиот пријател на Фондот за Западен Балкан неговата екселенција, амбасадорот Данчо Марковски. Многу сме благодарни што ја добивме целосната поддршка за нашето тековно проширување, претстојниот повик за проект и сите други проекти кои моментално се реализираат.- истакна Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан.
Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Главни цели на Фондот на Западен Балкан се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија.
Фондот на Западен Балкан финансиски поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области: образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој. Членовите на персоналот доаѓаат од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, и Тирана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
