Започна “Винска визија на Отворен Балкан” на белградскиот саем

Од денеска до недела, во Белград ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се организира под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

На едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација. Се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји.

Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Мајстор на виното“, најпрестижна титула во светот.

Утре е планиран и лидерскиот самит меѓу Вучиќ, Ковачевски и Рама. Средбата е продолжение на разговорите од Тирана на крајот на јули, кога беше договорено формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратегиски проекти во рамките на „Отворен Балкан“. Има 235 винарии од трите земји на „Отворен Балкан“, Србија, Македонија и Албанија.