
Во просторите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли” во Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча”.
Настанот го организираше Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Педагошкиот факултет, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Република Албанија.

На овој важен настан присуствуваше, Ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, Деканката на Педагошкиот факултет, Претседателот на Советот на Округот Корча, Градоначалникот на Општина Пустец, Заменик-амбасадорката на македонската амбасада во Тирана, раководителот на Одделот за јазик и литература при факултетот, претставникот на Митрополијата на Корча.
Се додава, дека дополнително била промовирана информативната брошура посветена на историјата и значењето на овие носии, подготвена од Васил Стерјовски, која ќе „послужи како важен ресурс за размена на културни информации и зајакнување на меѓусебното разбирање помеѓу заедниците”.
На настанот учествувале бројни претставници на локалната и регионалната власт од Преспа и Корча, како и бројни претставници на академската заедница и националните малцинства од корчанскиот крај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden