Славе Груевски, претседателот на здружението „Даме Груев“ Србија, во својот извештај за работата на здружението, истакна:
Да не заборавиме! Да се потсетиме на нашите активности на здружението за сите овие 15 години, да кажеме како и колку сме успеале да ги оствариме целите и основната мисија на постоењето на здружението.
Нашето здружение е само уште еден бисер во ѓерданот наречен Македонска заедница во Србија, Македонско национално малцинство, македонски исленици во странство.
Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравички округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот.
Од сите досегашни активности, најнапред да ги истакнеме традиционалните годишни македонски вечери кои што ги организираат и другите наши здруженија. Од формирањето до сега, редовно организиравме годишни македонски вечери. Ја истакнуваме посебноста на тие наши дружења. Секогаш тие забави беа со македонска музика, со музика од Македонија, со помош, подршка и редовно присуство на гости од збратимените градови од Македонија со општината Г.Милановац /Кавадарци, Куманово, Старо Нагоричане, Пробиштип. Секоја од тие забави се памети и прераскажува и денденес.
Се знае како се финансираат здруженијата. Ја истакнувам и другата посебност на нашето здружение. Од формирањето од 2009 година досега, нашето здружение редовно конкурира со свои проекти и редовно, секоја година сме добиваме средства, од Националниот совет, од општината Горњи Милановац, 4 проекти од МНР на Македонија, 2 проекта од Министерството за култура на Србија. Не ги забораваме приватните помагатели од општината и округот, подршката и помошта од локалните самоуправи од Кавадарци, Куманово, Пробиштип, за организацијата и реализацијата на нашите проекти.
Добрата соработка на нашето здружение со локалната самоуправа и нивната соработка со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврди добрите односи помеѓу Македонија и Србија.
За време на поплавите во Србија во 2014 година, збратимените општини Куманови и Кавадарци меѓу првите упатија помош за загрозените од поплавите. Градоначалникот на Куманово и лично дојде и ја предаде помошта.
За време на поплавите во 2016 година во Скопје, нашето здружение беше организатор на хуманитарната помош, добиена од фирмите од Г.Милановац: 30 комплети сет тенџериња од „Металац“, 30 пакети од „SWISLION” д.о.о , и околу 4,5 тони боја поликолор од Компанијата „Helios“ а.д Горњи Милановац, и истата беше лично поделена на загрозените, што беше и „молба“ од дародавците, помошта да стигне лично кај тие на кој им е потребна.
Од соработака со другите здруженија на Македонците во Србија, го истакнуваме целодневното дружење на нашето здружение со членовите на здружението „Македониум“ од Белград.
Да не ја заборавиме добрата соработка со Културен центар во нашиот град, со чија помош ги организиравме нашите проекти: Денови на македонскиот филм, Изложби на слики на ДЛУМС, изложба на слики и фрески на Ѓорѓе Иванов, Промоција на книгата од Ване Трајков од Македонија „Македонскиот стрип во едицијата Никад робом“, промоцијата на книгите од Винко Марковски од Пожаревац, тетарската претства дуодрамата „Ветер во тапетите“…
Концертот на македонска музика во 2017 година, во новата сала на Домот на културата во Г.Милановац, со учество на музичката група „Акустика бенд“ од Кавадарци, пеачката група „Чачанска лира“ од Чачак, пеачката група „Македонки“ од Белград и како специјален гостин Ана Синицки, „нашата Битолчанка по потекло“ е еден од најпосетените концерти досега во оваа сала. Ние ќе го паметиме и по бесплатното учеството на Ана без хонорар, како истакна, како нејзин придонес за Македонија, за Македонците во Србија.
Да не ги заборавиме двата проекти “Македонците во Србија – истражување за положбата на македонското малцинство во Србија“, како и реализацијата на двете тркалезни маси, во Јабука и Белград, на тема „Македонците во Србија – денес и утре“.
Да не ја заборавиме прославата на Илинден 2019 година во Прохор Пчињски во организација и самостално финасирање на нашето здружение но и прославата на Илинден во манастирот „Св.Прохор Пчињски“ финансирана како проект од МНР на Македонија, на која прослава после 18 години беше присутен и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Како и кај секоја прослава и јубилеј, на заслужните, доделивме повеќе благодарници и признанија на поединци и установи.
Благодарници се доделени за Националниот совет на МНЗ во Србија, Амбасадата на Македонија во Србија, за градоначалникот Директоот на Културен центар на општина Горњи Милановац за нивната помош и подршка за реализацијата на нашите проекти.
Посебно признание и благодарница се додели и за Никола Ѓурѓај, претседател на Македонскот здружение „Илинден“-Тирана, Албанија, за долгогодишна соработка, помош и подршка на нашето здружение и промовирање на Македонците од Србија во весникот „Илинден”-Тирана, со кого имаме добра соработка уште од неговата прва посета на нашето здружение во Горњи Милановац во 2011 година.
Званичниот дел од прославата заврши со заклучокот дека за овие 15 години од формирањето, постоењето и активната работа на здружението, можеме да бидеме задоволни со остварените цели и основната мисија на постоењето на нашето здружение. Македонците во нашиот град и во Моравички округ се ценети, почитувани, добро прифатени од месното население и локалните самоуправи, така било и така ќе остане. Нашето здружение и понатаму ќе биде мост за поврзување и добра соработка со Македонија.